Итно предупредување за туристите кои одат во Грција! Паника поради корона: Повторно воведуваат маски и тестови, а еве каде важат построги мерки
Во последните 20 дена, бројот на заболени од коронавирус е значително зголемен, според грчките здравствени власти, а Националната јавно здравствена организација дистрибуира бесплатни тестови. Упатија итно предупредување до туристите од Велика Британија кои одат во Грција токму поради ширењето на новиот вид на Ковид наречен „FLiRT“.
Предупредувањето беше издадено откако грчките власти забележаа зголемување на бројот на пациенти за 44 проценти, што ги натера болниците во Атина повторно да го воведат задолжителното носење заштитни маски. Некои болници, покрај задолжителното носење маски, воведоа и задолжително тестирање на посетителите.
Зголемување на смртните случаи
Помеѓу 8 и 14 јули, 669 нови пациенти со коронавирус се примени во болниците во Грција. Во просек, во последните четири недели во болниците имало 464 пациенти. Истовремено, овој месец за една недела се регистрирани 26 смртни случаи, пишува Мирор.
Во предупредувањето до туристите се наведува дека оние кои се чувствителни на инфекции како коронавирусот, особено постарите, треба да бидат внимателни и брзо да реагираат на првите симптоми на инфекција. На здравите луѓе кои се сомневаат дека имаат корона се препорачува да избегнуваат контакт со ранливите категории за да се спречи ширење на вирусот.
Вчера заседаваше Здравствениот одбор на ISA, а претседателот Горгос Патулис изјави дека има голем пораст на случаите во однос на истиот период лани. Тој предупреди дека сезоната на годишни одмори е особено чувствителен период поради големиот број луѓе кои доаѓаат во земјава.
И Бугарија на штрек
Медицинските работници сметаат дека зголемувањето на бројот на заболени ќе продолжи до крајот на јули. Бугарија, која граничи со Грција, исто така издаде предупредување до своите државјани кои планираат да одат на одмор на југот.
Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека Ковид не е победен и дека во просек од овој вирус секоја недела во светот умираат околу 1.700 луѓе. Истовремено, се намалува бројот на вакцинирани кај постарите лица и здравствените работници кои се први на удар.