ИТНО СООПШТУВАЊЕ ОД АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА: „Многу е веројатно дека на видеото е исчезнатото девојче Данка Илиќ“

Австриската полиција го објави видеото снимено на трамвајската станица во Виена, на кое се верува дека ја покажува малата Данка Илиќ која исчезна во близина на Бор на 26 март.

Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста српското девојче што исчезна да е на видеото.

  • Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, претпоставуваат дека е многу веројатно тоа да е исчезнатото девојче од Србија . Виенската полиција по наредба на јавното обвинителство бара апсење – соопштено е.

Виенската полиција апелираше до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото да се јават кај органите на прогонот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.

Откако се појави видеото направено во Виена, на кое во придружба на две Романки се гледа девојче кое изгледа и неверојатно личи на малата Данка , во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.

Амбасадата на Србија ги повика сите што ќе го препознаат исчезнатото девојче во Австрија да пријават во полиција .