„ЈА ПРИЗНАЛ ВИНАТА“ Откриен е мотивот на момчето кое пукало во основно училиште во Финска : Убил еден ученик и тешко ранил уште двајца

Денеска во Финска е ден на жалост за жртвата на пукање во основно училиште во градот Вантаа кај Хелсинки, а полицијата соопшти дека осомниченото момче (12) се изјаснило за виновно за нападот.

Соопштено е дека се познати и мотивите на осомничениот кој признал при сослушувањето, пренесува финскиот јавен сервис Иле без детали.

Момче (12) од повредите починало на лице место , а две повредени девојчиња се во тешка состојба во болница.

YLE: Осомничениот бил малтретиран во училиште

12-годишниот осомничен кој вчера уби еден ученик и рани две ученички во пукање во основно училиште во Финска, бил жртва на малтретирање во училиште, јавува финскиот јавен сервис YLE.

Според извештаите, мотивот за пукањето е директно поврзан со насилството што го претрпел на училиште.

Напаѓачот бил фатен во Силтамаки, предградие на Хелсинки и не дал отпор при апсењето, соопшти претходно полицијата.

Престрелката се случила во училиштето Виертола во кое учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение и каде работат околу 90 вработени. Наставата во ова училиште продолжила и денеска.