И кога не е средена, Џеј Ло изгледа брутално: Се шеташе низ градот во „апа драпа“ фазон, и нема маж кој не се завртел по неа

Многу добро ја знаеме нејзината енергија и дека секогаш се облекува соодветно.

Таа прошета до продавницата за мебел во популарниот стајлинг, што не е грешка. Широките фармерки со искинати детали одлично се комбинираат со кус, бел горен дел. Таа реши да носи патики, а се почесто ја гледаме во вакви спортски изданија. Џеј Ло избира практично и модерно. Таа врза „неуредна пунџа“ и го украси аутфитот со накит. Избра златни детали, помали обетки и малку понежни ланчиња.

Се чини дека овој стил вели: „Не се трудам, но изгледам модерно!”

Џеј Ло изгледа одлично во тој стил. Еден од поинтересните моменти од нејзиниот стајлинг е нејзината необично мала чанта.