И покрај се што има постигнато Новак, оваа чест нема да ја доживее на Австралија Опен

Најдобриот тенисер на светот веројатно нема да го добие

Австралија е место каде Новак Ѓоковиќ има многу убави спомени, но од неодамна тој воопшто не е омилена личност на поединци таму.

Сега од Австралија пристигнуваат вести дека арената „Род Лејвер“ каде се игра Австралија опен, нема да го носи името на Новак Ѓоковиќ.

Објаснувањето е крајно чудно, а му го кажал Крег Тили, извршен директор на Австралија Опен.

– За разлика од другите три Грен Слема, ние не сме сопственици на објектот. Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, односно федерациите на овие земји ги поседуваат стадионите, а ние ги изнајмуваме. Затоа немаме право да си го смениме името. Тој е во сопственост на државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн. Целиот објект го изнајмуваме од нив и многу сме задоволни што вложуваат пари во реновирање и подобрувања. Сигурно е дека би бил поддржувач на таквото признание на Новак за се што направи овде, за навистина неверојатните успеси во Австралија. Но, за да се случи тоа, многу работи би требало да се соберат – изјави Тили.

Потоа додаде дека на некој начин секако треба да се препознае големината на Новак.

– Не зависи од мене, ниту до австралискиот тенис, но дефинитивно би бил поддржувач некако да го препознаам Новак и неговите неверојатни достигнувања овде во Австралија – изјави Тили.