И пукаше на бремената сопруга во глава, со автомобил дошол во фризерски салон и ранил уште три лица, па побегна во шумата (ФОТО)

Потрагата по избеганиот сторител продолжува.

Четири лица се ранети во престрелка во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата.

Според достапните информации, бегалецот е 34-годишниот Мехмет О. кој ја застрелал својата бремена сопруга во глава. Лекарите се борат за нејзиниот живот, пренесува магазинот Феникс.

Откако пукал во нивниот заеднички стан, насилникот истрчал на 7-ми кат и испукал до шест куршуми во заклучената врата од станот. Таму никој не беше повреден.

Мажот потоа влегол во својот мерцедес и се упатил до фризерски салон оддалечен два километри. Таму пукал и ранил уште три лица.

Роднина на насилникот за медиумите изјави: „Бев шокиран кога слушнав што се случило. И не можам ни да објаснам зошто го направи тоа. Колку што знам, тој немаше никакви проблеми и всушност беше многу мирно момче. Тој и неговата сопруга имаат четири деца“.

Потрагата по избеганиот сторител продолжува. Дронови се во воздух, се пребаруваат блиските шуми. Специјални единици од цела Северна Рајна-Вестфалија се на пат, вклучувајќи полициски хеликоптери и кучиња трагачи.

Сведокот рече: „Го видов сторителот кога со чантата отиде до својот мерцедес на паркингот на Нето. Потоа ја видел полицијата и истрчал во шумата што се граничи со паркингот. Двајца полицајци му викале да застане, но тој побегнал во шумата“.

„Ситуацијата е динамична“, изјави портпаролот на полицијата и побара од населението засега да ја избегнува областа.