“И СТАВИЛ ПАПУЧА ВО УСТАТА ЗА ДА НЕ ВРЕСКА!” Детектив открил ХОРОР детали – ДНК-та е чудно распоредена!
Додека се чека новото судење на Брајан Волш, од ден на ден се појавуваат детали за исчезнувањето на Ана Валш.
Потрагата по Ана Волш, 39-годишна жена од Масачусетс, ги наведе инспекторите да веруваат дека нејзиниот сопруг Брајан можеби ја убил и и го распарчил телото. Брајан Волш се појави во Окружниот суд на 18 јануари и се изјасни за невин по обвиненијата. Сепак, посредните докази против Брајан се чини дека се инкриминирачки од неколку аспекти.
„Инкриминирачките“ докази вклучуваат листа на пребарувања на Google што тој ги извршил. “Колку време е потребно пред телото да почне да смрди? Како да спречите телото да се распаѓа? Како да ја исчистите крвта од дрвениот под? Дали може да бидете обвинети за убиство без тело?” Додека истражителите се обидуваат да откријат повеќе детали за случајот, новите докази покажуваат дека Брајан можеби и ставил влечки (папучи) во устата за да ја спречи да вреска, вели детективката Браца Здравковиќ, со информација дека тоа го потврдила и американската полиција.
Покрај неговите пребарувања на Google, инспекторите открија и десет кеси за отпадоци во контејнер во близина на станбениот комплекс во кој живее мајката на Брајан, со ДНК на Брајан и Ана на предметите пронајдени во кесите за отпадоци. Десетте вреќи за ѓубре што ги пронашле истражителите наводно содржеле: партали, крпи, папучи, одело, селотејп, средства за чистење, кеса, ракавици, теписи, ловечки чизми, пила, секира и потврда на Ана за вакцинација против корона вирус.
„Многу е необично што трагите од ДНК беа на овој начин на папучите. Тие папучи беа превиткани…и седеа во фиоки во ходникот. Но, сега на едната страна од влечката е ДНК на Брајан, а на другата страна е ДНК на Ана“, вели детективот, тврдејќи дека доказите сугерираат дека Брајан можеби и ги ставил влечките во устата на Ана за да ја замолчи. Во видеото, Здравковиќ објаснува дека местото каде што е ДНК на влечките сугерира дека кога Брајан влегол во салата, најверојатно со раката ги зел тие влечки и и ги пикнал во устата на Ана за да не вреска. Детективот вели дека нема друго објаснување за тоа како ДНК е толку конкретно наредена, со ДНК на Брајан на едната и ДНК на Ана на другата страна.