И тој се препарира! Британците го плукаат Бекам поради испегланиот изглед

Покрај тоа што му додаде малку ботокс за да изгледа помладо и „позатегнато“, Бекам му вгради и порцелански заби.

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам присуствуваше на 77. доделување на наградите „БАФТА“ во Лондон, а неговото „ младешко “ лице го привлече вниманието на сите собрани на црвениот тепих.

Иако фудбалерот тврди дека не поддржува вештачки методи на подмладување, неговото појавување на престижната награда го покажува спротивното. Покрај тоа што додал малку ботокс за да изгледа помладо и „позатегнато“, Бекам поставил и вештачки заби (кој не?), пренесуваат странските медиуми.

Инаку, Бекам зборуваше за својот изглед во 2018 година за „Ивнинг стандард“.

– Естетските зафати можеби се во ред за некои луѓе, не можам да кажам дека се лоши, но не сакам да се подложам на тоа, никогаш. Навистина не ме интересираат никакви процедури за лице. Достоинствено стареење е она што го сакам. Никогаш не би дозволил некој да ми го боцка лицето со инекции – изјави тогаш.

Но, ова не е крајот на приказната на Бекам…

За време на неговото доделување, тој направи грешка која ги налути Британците. Тој го изговори „soccer“ американскиот збор за фудбал, наместо британскиот збор „football“ на неговиот мајчин јазик.

Овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а особено се налутија Британците кои го критикуваа дека им се „ласка“ на Американците.