И ЈАПОНИЈА ГО ПРЕДУПРЕДИ ИЗРАЕЛ – Фумио Кишида со порака до Бенјамин Натенјаху: “Намалете го бројот на цивилни жртви“

Премиерот на Јапнија, Фумио Кишида, го повика својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху да го намали бројот на цивилни жртви во Појасот Газа.

За време на телефонскиот разговор Фумио Кишида порачал дека е клучно „брзо да се смири ситуацијата“, се вели во соопштението за печатот на јапонската Влада.

Како одговор, Бенјамин Нетанјаху ја изложил позицијата на Израел за воената операција во Појасот Газа, се вели во соопштението, без да се наведат детали.

Израел е под зголемен меѓународен притисок да избегне убивање на невини Палестинци за време на неговата војна против Хамас.