Каде е Коста и дали е безбеден!? Многу луѓе сакаат да го линчуваат: Мајка му дала дозвола да престојува таму!
Коста Кецмановиќ (13), кој во средата со пиштолот на својот татко уби осум деца од ОУ „Владислав Рибникар“ и училишниот чувар, а рани шест ученици и наставничка по историја, се наоѓа во специјалното одделение во психијатриска установа.
Според законот, мајката на Коста дала дозвола тој да престојува во споменатата установа на набљудување, но како што дознава нашиот портал информациите за малолетниот убиец се чуваат строго доверливи. Ниту вработените во клиниката немаат увид во податоците за здравствената состојба на Коста, што е нормална практика бидејќи во електронската база се евидентираат податоци за прием на пациенти, како и ажурирање на податоците за прегледите и промените во состојбата.
Поради деликатноста на случајот, во медицинскиот картон на Коста биле внесени само информации за прием со име и презиме, без детални информации.
Како што веќе пишувавме, установата во која се наоѓа Коста добива грозоморни смртни закани, поради што се зголемени безбедносните мерки пред клиниката.
Да потсетиме, како што беше утврдено, момчето планирало масовно убиство веќе еден месец, а она што е утврдено со вештачењето на неговиот телефон е застрашувачко – свесно го извршил убиството на своите врсници и на училишниот чувар бидејќи, непосредно пред кривичното дело, тој на Интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.