Каде изчезна Кејт!? Потегот на војската ги загрижи Британците и ја натера јавноста уште повеќе да се сомнева дека нешто многу сериозно и се случува на принцезата!?

Сериозна криза ја тресе британската монархија и покрај нивното инсистирање дека се е во најдобар ред и упорните негирања на секакви неосновани шпекулации, теориите на заговор тргнаа! Британците се повеќе се склони кон ставот дека нешто сериозно не е во ред, а јавноста е на работ на паника – повеќето се убедени дека има „нешто големо“ во врска со Кејт Мидлтон.

Вчера се случи нов настан кој им даде материјал за понатамошни шпекулации, а главен „виновник“ е војската на Обединетото Кралство. Имено, британското Министерство за одбрана во вторникот потврди дека Кејт Мидлтон ќе присуствува на генералната проба на церемонијата Trooping the Color на 8 јуни, во пресрет на главниот настан кој ќе се одржи на 15 јуни.

Но, набргу по објавувањето на нивната веб-страница, таа информација беше избришана! Тие го тргнаа името на принцезата од Велс од списокот на оние кои ќе бидат присутни на споменатиот настан. Пред тоа, Кенсингтонската палата соопшти дека претставници на британската војска не се консултирале со нив дали Кејт ќе се појави таму.

Пред да биде отстрането нејзиното име, беше објавено дека 42-годишната принцеза требаше да биде почесен претставник на пешадијата на ирската гарда на настанот што му претходи на Trooping the Colour, збир на свечени настани по повод роденденот на актуелниот британски крал. Откако се омажи за Вилијам во 2011 година, принцезата не пропушти ниту една прослава на овој значаен настан.

Иако вчера се добиваше впечаток дека ова ќе биде еден од нејзините први поголеми ангажмани, сега и тоа е доведено во прашање. Јавноста е крајно загрижена со оглед на фактот дека во јуни ќе навршат шест месеци од операцијата на Кејт – сите се сомнителни за толку долг период на опоравување.

„Во јануари, Кенсингтонската палата ја разјасни временската рамка за закрепнувањето на принцезата и ние ќе се огласуваме само во случај на значајни вести. Тоа упатство сè уште стои“, изјавија од канцеларијата на принцезата од Велс за The New Post минатата недела.

Да потсетиме, од палатата најавија дека Кејт ќе се повлече од своите обврски барем до Велигден оваа година.