Неколку лидери на Хамас го напуштиле Катар и заминале на непозната локација, пишува весникот Jerusalem Post.
Се вели дека ги исклучиле мобилните телефони или едноставно не одговараат на повиците.
Претходно беше објавено дека Салех ал-Арури, висок член на Хамас, ја напуштил својата вообичаена резиденција во Бејрут и отишол во Турција.
Да потсетиме дека конфликтот меѓу Хамас и Израел започна на 7. октомври, а досега се убиени повеќе од 18.000 луѓе од двете страни.
Генералното собрание на Обединетите нации денеска гласаше за хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа, а дел од земјите кои гласаа „Да“ беше и Македонија.