Јована Јеремиќ го откри името на своето момче! За прв пат објави заедничка фотографија на Инстаграм: Тој е мојата најголема љубов! (ФОТО)

Јована Јеремиќ неодамна откри дека ужива во љубовта со 14 години постар дечко. Сега на Инстаграм ја објави првата заедничка фотографија со него и откри дека нејзиниот нов избраник се вика Драган.

Тој е еден од најуспешните бизнисмени во Србија и, како што нагласува, е најголемата љубов во нејзиниот живот.

  • Да, точно е, ова е мојот нов дечко. Неговото име е Драган Станковиќ. Се разбира, не го избрав поради тоа, но поради околностите тој е еден од најуспешните бизнисмени во Србија – започна Јеремиќ, па продолжи:
  • Сликите што ги објавувам овде се направени истата вечер со фотографијата која протече во медиумите. Во недела на 10 декември се ожени најстариот син на Драган Милош, се ожени со убавата Марија со која ја има ќерката Милица, па се забавувавме, ја прославивме свадбата, но и крштевката на Милица. Драган е најголемата љубов во мојот живот, и благодарам на сите за интересот и честитките – напиша водителката на својот профил заедно со серијалот фотографии со Драган.