Израел фрли 18.000 тони бомби врз Газа

Израелската армија од 7. октомври до вчера фрлила 18.000 тони бомби врз Појасот Газа, што е околу 1,5 пати повеќе од експлозивната сила на бомбата фрлена врз Хирошима, Јапонија во Втората светска војна, тврдат официјални лица во опколената енклава.

Во изјава за медиумите, Салама Маруф, шеф на владината канцеларија за медиуми, рече дека израелските сили уништиле и 85 владини згради во Газа, додавајќи:

„Израел Во Газа урна 47 џамии и нанесе значителна штета на три цркви. Нападите резултираа со над 200.000 оштетени згради, од кои 32.500 станаа непогодни за живеење, 203 училишта претрпеа големи оштетувања, а 45 училишта сега целосно не работат. Поради интензитетот на нападите, статистиката сè уште не е завршена“.

Според Женевската конвенција, нападите врз објекти за богослужба, училишта и други цивилни структури се забранети.

Израел,пак, тврди дека милитантите се засолнуваат во или околу овие згради.

„Израелската армија масакрира 908 семејства, предизвикувајќи смрт на илјадници луѓе“, додаде Маруф.

Во израелските напади загинаа вкупно 35 новинари, 124 здравствени работници и 18 вработени во цивилната одбрана од спасувачките тимови за итни случаи, рече тој.