На Неда Украден ѝ тргна бизнисот: Таа го прави ова и заработува многу пари

Познатата пејачка Неда Украден неодамна изгради луксузна вила на парцела до нејзиното родно место кај Имотски во Хрватска.

Овој раскошен имот не е само за семејно уживање, туку е достапен и за сите туристи со длабоки џебови.

Цената за изнајмување на оваа вила започнува од 2.377 евра па нагоре, во зависност од должината на престојот и периодот од годината.

Неда решила изнајмувањето на својата вила да ѝ го препушти на една хрватска компанија која веќе ја рекламира на својата официјална веб-страница.