‘НЕПРИЈАТНО’ ИЗНЕНАДУВАЊЕ – Белоруските граничари добија ‘поклон’ од Украинците среде ноќна смена: “Погледнете добро…“ (видео)

Украинските гранични полицајци поставија голем екран со проектор на границата со Белорусија за да им ги покажат на своите колеги вистинските последици од војната.

Во презентираниот материјал, меѓу другото, се прикажани резултатите од ракетните напади на територијата на Украина кои биле извршени од територијата на Белорусија, потоа има видео-снимки од масакрот во Буча, како и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски до граѓаните на Белорусија.

Украинците се надеваат дека тоа ќе ги освести жителите на земјата што соработува со Русија и ќе им покаже што навистина се случува, наспроти тоа што им го покажува руската пропаганда преку медиумите и социјалните мрежи.