ВИСТИНСКИ МОНСТРУМ – Ова е таткото од пеколот кој објави застрашувачки мемоари, во кои детално ги опишува неговите злосторства: “Знаете, не ми беше лесно…“

Минатата недела, со помош на адвокатката Астрид Вагнер, во Германија беа објавени шокантните мемоари на силувачот Јозеф Фрицл – „Die Abgründe des Josef F“, во кои озлогласениот сексуален манијак откри што му се вртело низ главата додека во заробеништво цели 24 години ја држел сопствената ќерка со која добил седум деца.

Да потсетиме, Фрицл, кој ја затворил и сексуално ја злоупотребувал својата ќерка Елизабет, беше осуден на доживотен затвор во 2009 година за инцест, силување, принуда, киднапирање, ропство и убиство од небрежност на еден од неговите малолетни синови.

Неговата ќерка Елизабет исчезнала во 1984 година кога имала 18 години, а била откриена дури на 26. април 2008 година во тајна визба под куќата на нејзиниот татко во Амштетен, Австрија.

Гледајќи наназад на неговите злосторства што го згрозуваат светот, Фрицл, кој сега има 87 години, пишува своја книга: „На почетокот тоа беше само игра на умот што ја играв. Но, се навикнав на тоа. Идејата, која порано изгледаше толку апсурдно, толку монструозно, се оформи… Еден ден знаев што треба да направам. Требаше само да ја сочекам вистинската можност… И тогаш дојде време, беше дождливо саботно утро, кога мислата стана реалност“.

Таткото од пеколот детално дизајнирал подземен затвор за својата ќерка – го чувал со тешка метална врата зад полица во својата работна соба, која можела да се отвори само со помош на тајна шифра без клуч. Од друга страна, Елизабет била излажана дека вратата е наелектризирана и дека ќе биде убиена доколку се обиде да побегне.

Јозеф Фрицл

Следното утро отидов во полиција и пријавив исчезнато лице. Еден полицаец внимателно слушал сè и рекол: Таа има повеќе од 18 години и може да прави што сака“, вака Фрицл го опишува почетокот на животот на неговата ќерка во заробеништво, пишува Daily Mail.

Тој понатаму тврди дека ја натерал Елизабета да и пишува писма на нејзината мајка во кои таа објаснува дека треба да помине некое време надвор од дома, додека на соседите им рекол дека неговата ќерка побегнала и се приклучила на некаков култ.

Не ми беше лесно… Постојано ми се вртеа мисли за тоа што го направив. Постојано бев под притисок. Немав кому да му се доверам. Морав да гледам напред и да продолжам по патот што го избрав… Ги оттурнав сите проблеми од мене, инаку ќе полудев! Само понекогаш, кога бев сам, ме прогонуваа темни мисли. Но, веднаш ги тргав, го пренасочував вниманието и размислував за нешто друго“, пишува Фрицл во своите шокантни мемоари.

Неговото злоставување на сопствената ќерка резултираше со раѓање на седум деца – три останаа во заробеништво со својата мајка, а едно момче почина од рацете на Фрицл само неколку дена по раѓањето. Монструмот го ставил телото на детето во печка за да го запали, а другите три ги одгледал со сопругата Розмари.

Додека неговата ќерка била во заробеништво, Фрицл дури одел на долги одмори (една од дестинациите бил Тајланд), оставајќи ги своите жртви во подрум без струја, опкружен со стаорци, канализација и без храна.

Во книгата тој се пофалил и со фактот дека е татко на возрасен син, зачнат, според него, во тајна врска со жена од Гана која, како што тврди, сега е почитувана адвокатка.

Пишувајќи ја книгата, Фрицл исто така се пожалил дека му било ускратено разбирањето, сочувството и можеби прошката. Тој неодамна побара да биде префрлен во нормален затвор, но австриските судови одбија. Силувачот Фрицл, поранешен електроинженер, кој пред шест години го смени презимето во Мајрхоф, сега наводно боледува од деменција, но адвокатката Астрид Вагнер тоа го негира.

Тоа не е точно, тој е далеку од беспомошен старец. Полн е со енергија, има сила на волја и решителност, кај него нема ни трага од деменција“, тврди адвокатката.

Во основа сум добра личност и едноставно не можам да разберам зошто жена ми реши да го прекине секој контакт со мене“, се жали Фрицл во еден пасус од книгата.

Денес, неговата ќерка Елизабет и нејзините шест деца имаат нов идентитет и живеат во мало австриско село. Државата им ја уредила куќата поставувајќи висока ограда и безбедносни камери околу неа.