Верстапен: Можеш да победиш од последното место во Белгија, но не и во Сингапур

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен рече дека може да ја „заборави“ својата 11-та победа по ред. Тој денес се квалификуваше на 11.  место за ГН на Сингапур и е изложен на ризик да ја прекине својата рекордна серија.

– Сакам да победувам, но кога победата е невозможна, мора да го прифатиш тоа. Не сакам да предраматизирам, но, се разбира, викендот е многу тежок, одамна не сме имале такви квалификации. Јасно е дека не го разбираме проблемот. Во спротивно, немаше да ги направиме овие промени што ја влошија ситуацијата. Така што, не го разбираме болидот овој викенд и на оваа патека. Тука не можете да претекнете. На другите патеки можете да започнете последен – можеби во Спа можете да започнете последен и да победите, но не овде. На таква патека треба да бидеш две, три секунди побрз за да добиеш шанса за претекнување, изјави двократниот шампион во Формула 1.

Верстапен има десет победи на претходните десет трки во Светскиот шампионат во Формула 1.