РУСИЈА ПРЕТРПИ ТЕШКА ЗАГУБА! Официјална Москва потврди: “Двајца високи офицери загинаа на фронтот во Украина“

Официјална Москва денес соопшти дека двајца руски воени функционери биле убиени на фронтот во Украина.

Полковниците Вјачеслав Макаров и Евгениј Бровко херојски загинаа во Украина“, соопшти денес на брифинг портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

Треба да се напомене дека ваквите изјави од руската армија се навистина ретки.

Борбите се интензивираа во последните денови бидејќи Русија тврди дека одбила украински напад на 95-километарската линија на фронтот во источна Украина.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на последниот ден, непријателот направил масовен обид да ја пробие одбраната на руските војници, северно и јужно од градот Бахмут.

Сите напади беа одбиени“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.