Арсенал на домашен терен декласиран од Брајтон! Во Манчестер започнува прославата – на ‘Граѓаните’ им треба една победа за шампионскиот трофеј

Арсенал вечерва загуби на домашен терен од Брајтон со резлутат од 3:0 во рамки на 36. коло од Премиер лигата. Хулио Енцисо го отвори резултатот во 51. минута, Дениз Ундав, кој го замени, го зголеми водството на Брајтон во 86., а Пурвис Еступинјан го постави конечниот резултат.

Со освоени 81 бод, Арсенал заостанува четири бода зад лидерот Манчестер Сити. Во исто време, на „Топџиите“ им преостануваат само два натпревара до крајот на првенството, додека „Граѓаните“ има уште три. Претходно во текот на денот, Манчестер Сити го победи Евертон како гостин со 3:0.

Арсенал долго време беше лидер во Премиер лигата, но не ја издржа трката со „Граѓаните“ кои се на само еден чекор до одбрана на титулата.