„КАДЕ ИСЧЕЗНА ПУТИН? Зеленски ги презентираше податоците на украинското разузнавање (ВИДЕО)

Зеленски додаде дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со последиците од бунтот на Вагнер, ќе се обиде да го „консолидира своето општество“.

Половина од Русите го поддржаа шефот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин , во бунтот против Кремљ, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски , повикувајќи се на киевските разузнавачки служби.

– Половина Русија го поддржа Пригожин. Половина Русија го поддржа Путин. Некои руски региони, во меѓувреме, балансираа не знаејќи кого да поддржат. Сите го гледаме овој процес, кој покажува дека половина од руското население е во сериозен сомнеж – рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со последиците од бунтот на Вагнер, ќе се обиде да го „консолидира своето општество“ .

– Ќе направи се за да ја сруши и уништи славата на групата Вагнер и сето она што тие го постигнаа. Ќе се огради од сето тоа и опширно ќе комуницира за да го обедини општеството – рече Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека Путин е забележливо отсутен од очите на јавноста откако започна платеничката група, а потоа и го заврши својот хаотичен бунт.

– Каде исчезна Путин по сите овие настани? Ретко излегува на сонце, го гледаме само во кабинетот – додаде Зеленски.