ОД КАДЕ КОКАИН ВО БЕЛАТА КУЌА? Афера ја тресе Америка, сега се огласи и Бајден

Аферата ја потресува Америка.

Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за истрагата за откривањето на кокаин во Белата куќа и смета дека е „неверојатно важно“ Тајната служба да утврди како супстанцијата стигнала таму , изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

– Претседателот смета дека е неверојатно важно да се истражи ситуацијата до крај – изјави Жан-Пјер

Повикувајќи се на неименуван извор, кокаинот е пронајден во полица во влезната област на западното крило на Белата куќа, каде посетителите оставаат електронски уреди и други работи пред да одат на турнеи.

Во моментот на откривањето на кокаинот, Бајден не бил во Белата куќа, но бил во Кемп Дејвид со членовите на неговото семејство за време на празничниот викенд на Денот на независноста.

Белата материја била пронајдена во неделата, по што била повикана противпожарната служба да ја тестира за да се увери дека не е опасна.

На првиот тест била позитивна на кокаин, што било потврдено и со секундарна сензитивна лабораториска анализа.