Каевски: Сигурен сум дека ќе има лидерски средби и ќе се гласаат за уставни амандмани

 Нашите позиции се јасни, вратата е отворена за сите политички партии кои имаат претставници во Собранието, но и за оние кои немаат, а се на европскиот пат и споделуваат ставови, мислења и политики, изјави тој. денеска членот на СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“, информира Журнал.

Тој додаде дека членството во ЕУ е стратешка цел која мора заедно да ја постигнеме и за ова упати повик до сите партии и поединци кои исто мислат дека има простор за понатамошна соработка.

„Во наредниот период ќе иницираме разговори со сите политички чинители, бидејќи е важно да се разговара и да се расправаме. Она што сега го прави опозицијата е само гнев, без аргументи“, рече Каевски.

Членот на СДСМ додаде дека ќе се организираат средби и консултации и ќе се истакнуваат факти и аргументи, бидејќи само со дијалог може да се дојде до решение.