Психологот укажува на првото нешто што секој родител треба да го направи кога детето не сака да го слуша.
Децата можат да одбијат да му бидат послушни на родителот поради многу причини. Понекогаш се гладни, понекогаш уморни, а понекогаш едноставно не се расположени за соработка. Психологот Памела Ли објаснува дека ова е сосема нормална појава, особено кај бебињата и малите деца, кои се уште не научиле да ги контролираат своите емоции. Како резултат на тоа, нивната непослушност или одбивање да соработуваат може да биде придружена со викање, бес или некој друг вид на агресија што може да ги загрижи родителите. За да не биде целата ситуација многу поголем проблем отколку што е, психологот укажува на првото нешто што треба да го направи секој родител кога детето не сака да го слуша. Тоа е избегнување на секаков вид на казна, без разлика дали тоа е игнорирање, испраќање во собата, викање или физички казнување. Психологот нагласува дека ваквото однесување нема да даде никакви позитивни резултати. Напротив, тоа може да донесе повеќе штета отколку добро бидејќи детето само уште повеќе ќе се спротивстави на барањата на родителите. Покрај тоа, многу истражувања покажаа дека казнувањето кај детето предизвикува последици кои негативно влијаат на неговото ментално здравје. „Мораме да правиме разлика помеѓу дисциплина и казна бидејќи двете не се исти. Да се дисциплинира значи да се учи. Казнувањето не е единственото нешто што може да ги поттикне децата да учат од сопствените грешки, има многу поефикасни начини на поучување. На крајот на денот, сите сакаме да ги воспитуваме децата со добро расудување и тие ја прават вистинската работа кога не сме таму да им кажеме што да прават“, објаснува психологот.