Од полноќ до 5 часот вчера е спроведена засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што се казнети 143 возачи.
-Од нив, 26 на територија на СВР Битола, 19 на територија на СВР Скопје, 18 на територија на СВР Куманово…, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.