Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Во контроли на сообраќајот на територијата на град Скопје извршени вчера од СВР Скопје биле казнети 285 возачи, од кои 107 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР, 14 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон при возење, 17 за некористење сигурносен појас, 15 санкции за управување под дејство на алкохол…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.