Казнети 59 пијани возачи на територијата СВР Битола

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што се казнети 59 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР,  34 се казнети на територија на Прилеп, 15 во Битола, четворица се казнети во Македонски Брод, тројца возачи во Крушево, двајца во Ресен и еден во Демир Хисар .

За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.