Експертите тврдат: Оваа состојка треба да ја додадете во кафето за подобро здравје

На сите вас кои не можете да си замислите ден без неколку шолји кафе, експертите препорачуваат да додадете една состојка во него.

Ден без кафе е незамислив за повеќето од нас. Ретки се оние кои го започнуваат (работниот) ден со чај или некој друг пијалок, особено во време кога во продавницата се достапни разни видови на овој пијалок, кој со децении е популарен меѓу народот како начин за будење. За да имате подобро здравје, во кафето треба да додадете цимет.

Редовното консумирање цимет може да ја подобри меморијата, да ја зајакне свеста и да промовира чувство на благосостојба. Во превод, тој одлично го стимулира нашиот мозок благодарение на цинамалдехидот, кој му дава вкус на овој зачин.

Циметот долго време се сметал за зачин и лек, а во античко време бил толку ценет што се сметал за поскапоцен од златото. Има убав мирис и сладок вкус, а денес го има и во форма на стап и во прав.

Содржи висококвалитетни состојки кои имаат исклучително лековито дејство – антиинфламаторно и антиоксидантно. Редовната употреба на цимет може да помогне да се намалат различните воспаленија во телото и да се регулираат хормоните на стресот, што е важно бидејќи воспалението на мозокот може да доведе до депресија и губење на меморијата.