Какаото денеска „полуде“ на берзата: Скокна на нов историски максимум, цената од 6.400 долари за тон!

Денеска какаото порасна на берзите до ново највисоко ниво на сите времиња од приближно 6.400 долари за тон.

Според податоците на меѓународната берза ICE, какаото денеска во 14 часот и 20 минути се продавало за 6.410 долари за тон.

Цените на фјучерсите на оваа стока континуирано растат од почетокот на годината, а цената на какаото порасна за 40 отсто само до 8 февруари, јавува CNN (CNBC).

Трговците се загрижени за ефектите од климатскиот феномен Ел Нињо, кој предизвикува суши во Западна Африка, област каде што се произведуваат 75 отсто од оваа суровина, клучна за производство на чоколадо.

Какаото се произведува првенствено во Гана и Брегот на Слоновата Коска.