“КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА, БРАВО!“ – Познатата пејачка која некогаш имаше 108 килограми денес изгледа непрепознатливо: “И виси облеката, повеќе не личи на себе!“ (фото)

Популарната пејачка Џесика Симпсон е забележана на аеродром во Њујорк, а многумина забележале дека изгледа послабо од било кога претходно.

Поминаа повеќе од три години откако Симпсон (42 г.) изгуби 45 килограми по раѓањето на своето трето дете, а нејзините блиски пријатели се загрижени дека оттогаш таа успеала уште повеќе да ослаби.

Симпсон била забележана на аеродромот со нејзиниот сопруг, американскиот фудбалер Ерик Џонсон  со кој е во брак од 2014 година.

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС ПЕЈАЧКАТА!

Нејзините пријатели се загрижени дека драстичното слабеење изгледа многу нездраво и дека таа само продолжува да губи килограми.

Облеката и виси на неа, повеќе не личи на себе. Џесика има природни облини, не и е здраво да е толку слаба“, вели извор близок до пејачката за американските таблоиди.

Во септември 2022 година, таа зборуваше за своето драстично слабеење, кога ослабе 45 килограми во 2019 година откако го роди своето трето дете. Симпсон има три деца со Џонсон, ќерките Максвел и Бирди и синот Ејс.

Промената на исхраната најмногу и помогнала на пејачката да ослабе, како што еднаш и самата откри.

Отидов кај нутриционист и морав да ги сменам прехранбените навики. Се чувствувам како старата јас, пред да имам деца, пред да ми дивеат хормоните. Јас всушност се чувствувам помалдо. Имам многу повеќе енергија, можам да ја облечам сета облека што сум ја зачувала за моите ќерки“, изјави тогаш таа, осврнувајќи се на тоа дека јавноста секогаш ја коментирала нејзината тежина.

Ме критикуваа и тоа ме боли, но решив да поработам на тоа. Знаев дека луѓето постојано ќе зборуваат за мојата тежина, па решив тоа да го претворам во бизнис – започнав линија за облека“, изјави тогаш таа.