НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО КУЌАТА НА ЃОКОВИЌ КАКО ЗНАК НА КАРИЕРАТА НА НОЛЕ: Погледнете го домот на НАЈДОБРИОТ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ, еве како го украсија

Новак Ѓоковиќ покажа како изгледа елката во неговиот дом.

Доаѓа времето на новогодишните празници, кога е време за подароци, честитки, украсување на елката, дружење со најблиските…

Голем број познати личности досега ни покажаа како ја украсувале елката и домот околу Нова година, а сега на ред е најдобриот тенисер на светот.

Новак Ѓоковиќ на своите фанови им посака среќни празници – католички Божиќ и Нова година.

– Среќен Божиќ на сите што слават денес. Ви посакувам и „Среќна Нова Година“. Се надевам дека сите ваши желби ќе се остварат во наредната година. Јас лично сакам повеќе мир во светот. Свет во кој ќе има повеќе разбирање. Се надевам и дека ќе имам одлични моменти на тениските турнири во светот – изјави Ноле.

Ноле цело време велејќи го ова, стоел пред елката во својот дом. Така можевме да видиме дека Новак и Јелена ја украсиле зелената новогодишна елка со златни, сребрени и бели, снежни бои.

Интересно е да се напомене дека на некој начин овие бои на елката ја симболизираат и кариерата на Новак Ѓоковиќ.

Имено, Ноле се занимава со „белиот спорт“, а најмногу во кариерата освои први места на турнири, кои можат да симболизираат злато.

Се случуваше Ѓоковиќ да стигне до финалето и да загуби, па затоа и да го освои сребреното одликување за други места.