КАКВА ХРАБРОСТ! Непознато лице се појавило пред вратата од домот на пејачката Ријана а причината е бизарна: “Тој сакал да ја побара за негова жена…“ (фото)

Домот на славната пејачка Ријана во Лос Анџелес накратко беше центар на бизарна драма. Имено, домот на популарната пејачка бил опколен од полиција откако маж се појавил пред нејзината врата и упаднал во нејзиниот имот, со цел да ја запроси пејачката.

Лицето кое упаднало во домот на Ријана во Лос Анџелес

Според магазинот TMZ, неидентификуваниот маж наводно отпатувал во Лос Анџелес од Јужна Каролина и се појавил во пред домот на пејачката во Беверли Хилс со намера да запроси. Безбедносниот тим на Ријана повикал полиција, која пристигнала и му ставила лисици на мажот и го сместила во полициско возило. По неговото апсење, на крајот беше откриено дека додворувачот на Ријана не прекршил никакви закони и бил испратен дома. Дополнително, му било кажано да не се враќа повторно.

Не е јасно дали пејачката, која била забележана како купува бебешки предмети во средата, била дома во моментот на инцидентот.

Лицето кое упаднало во домот на Ријана во Лос Анџелес

Инаку, ова не е прв пат некој да се обиде да упадне во домот на Ријана. Во мај 2018 година, полицијата во Лос Анџелес беше испратена во домот на Ријана по дојава за потенцијален натрапник. Подоцна, полицајците го пронашле 26-годишниот Едуардо Леон во нејзиниот дом, а тој го поминал целиот ден таму пред да биде фатен и приведен.

Властите додале дека тој „некако го исклучил алармниот систем на Ријана“ и влегол во имотот, па дури и ја отпакувал нејзината торба. Се верува дека Леон провалил во друг дом само неколку дена претходно, мислејќи дека тоа е домот на познатата пејачка.

Тој на крајот беше уапсен под обвинение за следење, кражба и неовластено влегување во имот и е приведен а подоцна ослободен со кауција од 150.000 долари.