„Каква царица си, малкумина го можат тоа“: Маријана дошла на венчавка кај бившиот, па го шокирала матичарот

Таа објави видео од венчавката на нејзиниот поранешен сопруг, видеото стана вирално, аи се нижат само позитивни коментари.

Колку пати сте ја слушнале познатата фраза од жените: „Те преболев, сега можам да ти бидам кума“? Едно видео на TikTok, кое стана вирално, покажува како тоа навистина изгледа во пракса. Маријана Пуриќ го објави и покажа што се случило кога дошла на свадбата на бившиот сопруг. Решила да му биде кума!

Сите коментираат дека малку жени во Србија би се решиле на вакво нешто. Таа успеала да го изненади и матичарот кој забележал дека нешто необично се случува. Додека Маријана, нејзиниот поранешен сопруг и неговата сегашна сопруга се кикотеле, матичарот не се двоумел и прашал за што се работи.

„Јас сум неговата поранешна сопруга, ова е наше дете, но се дружиме, се сакаме“, рече Маријана потпишувајќи се во книгата за сведоци.

@makica_ma #fyp #foryou ♬ original sound – Marijana Puric862

„Да прашам, да ја слушнам оваа информација“, коментира матичарот.

Маријана дополнително се пошегува со ситуацијата и во ресторанот каде ја прославиле венчавката извадила плико. Наместо пари, кои вообичаено им се даваат на младенците, извадила хартија на која пишувало: „Среќно кумови, јас веќе дадов“.

@makica_ma #fyp #foryou ♬ original sound – Marijana Puric862

„Кога жена ќе те преболи, може да ти биде и кума на свадбата“, „Па легендарно, ова е тотален погодок за мене. Поддршка за кумата“, „Кума не е копче“, „Вака Се гледам буквално за неколку години“, „Браво кумо, ти си легенда“, „Браво, какви цареви“, „Ретко е жена да може вакво нешто, алал да и е“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.