КАКВА ЧЕСТ ЗА РОЏЕР ФЕДЕРЕР – Вимблдон организира специјална церемонија за еден од најдобрите тенисери во историјата

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер во вторник ќе се појави на централниот терен на Вимблдон, за организаторите на турнирот на посебна церемонија да му оддадат почит за сите успеси на тој турнир.

Роџер Федерерго освои Вимблдон осум пати, рекорд во сингл за мажи и е еден од најдобрите тенисери кој некогаш се натпреварувал во овој спорт.

Роџер Федерер ќе биде со нас утре и ќе имаме можност да му оддадеме почит за сè што направи овде. Ќе имаме момент во кој ќе ги прославиме неговите достигнувања и ќе му се заблагодариме за сите спомени“, изјави претседателката Сали Болтон.

На церемонијата беше поканета и Серена Вилијамс, но таа не може да патува поради бременоста.

И посакуваме многу среќа во остатокот од бременоста и се надеваме дека ќе ја видиме следната година“, вели претседателката.

Серена Вилијамс седум пати го освојуваше Вимблдон, а минатата година ја заврши професионалната кариера.