ФОТО | Која е мистериозната убавица која го бодреше Новак Ѓоковиќ од неговата ВИП ложа !? Оваа жена го украде ‘сјајот’ на Јелена Ѓоковиќ – погледнете!

Новак Ѓоковиќ го совлада Аргентинецот Педро Кацин со резлутат 3:0 во сетови во 1. коло на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ од ложата го бодреа Горан Иванишевиќ, Чарли Гомез Херера, Марко Паники, Миљан Амановиќ и Јелена Ѓоковиќ, но и една мистериозна жена.

Според информациите на српските медиуми, таа е дадилка на семејството Ѓоковиќ која се грижи за Стефан и Тара.

Новак и Јелена не сакале никому да му ја доверат грижата за децата, па според некои информации темелно ги провериле сите детали за дамите кои се пријавиле за веројатно исклучително добро платената работа.

Очигледно клучни биле препораките од другите работодавци, како и познавањето на јазикот, но и самата педагошка работа.

На крајот тие успеале да пронајдат дама која одговара на сите карактеристики, а со текот на времето дадилката станала вистински дел од семејството, па децата ја обожаваат.

Оваа девојка често патува со нив, успеа да се прилагоди на постојаното патување кое е реалноста на професионалниот тенисер.

Одамна не можеме да видиме ниту една фотографија од дадилката, а прв пат се појави јавно во Торино, а сега е и на Вимблдон во Лондон.

Многумина се воодушевени од нејзината убавина, иако нејзиниот идентитет се уште не е познат.