КАКВО ПОНИЖУВАЊЕ НА БАЕРН МИНХЕН – Ајнтрахт Франкфурт ги декласираше Баварците: Пет гола во мрежата на “најдобрите“ во Германија

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт го совладаа Баерн Минхен на домашен терен со резултат од 5:1 во едно од дерби натпреварите од 14. коло во Бундес-Лигата.

По три последователни натпревари без победа, Ајнтрахт Франкфурт стигна до 21. бод. Баерн Минхен го доживеа првиот пораз во првенството и остана на 32 бода, три помалку од водечкиот Баерн Леверкузен.

Домаќините поведоа во 12. минута со голот на Мармус. На 2:0 зголеми Ебимбе во 31. минута, а пет минути подоцна погоди и Ларсон.

Во финишот на првото полувреме, поточно во 44. минута, Баерн Минхен го намали резултатот со голот на Кимих и со тоа ја зголеми надежта за избегнување пораз.

Сепак, таа надеж беше краткотрајна. Веќе во 50. минута Ебимбе со својот втор гол зголеми на 4:1. Петтиот гол на домаќините беше постигнат во 60. минута, кога погоди Кнауф.