КАКВО ШОУ НА ‘КРАЛСКИОТ КЛУБ’! Карим Бензема постигна хет-трик за само седум минути! Реал Мадрид ги ‘прегази’ Ваљадолид – погледнете ги неверојатните голови на Французинот (видео)

По синоќешната победа на Барселона на гостувањето кај Елче од 4:0, Реал Мадрид сега заостанува 15 бода зад „Каталонците“ и не може да си дозволи уште еден кикс во Ла Лигата. Тимот на италјанскиот стратег Карло Анчелоти го сфати ова доста сериозно, а тимот на Ваљадолид ќе настрада поради тоа.

По само 45. минути игра на „Сантијаго Бернабеу“, гостите веќе четири пати ја примаа топката во својата мрежа. Голот на Серхио Асења Родриго беше во 23. минута и тој го отвори натпреварот.

ПРВИОТ ГОЛ НА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА!

После тоа започна „шоуто“ на Карим Бензема. Францускиот напаѓач најпрвин го зголеми водството само шест минути по голот на Родриго.

ПРВИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!

Бензема по втор пат погоди за само три минути. Негов асистент за двата гола беше Винисиус Јуниор. На Бразилецот му требаат уште четири клучни додавања за двоцифрен број асистенции во Ла Лигата две сезони по ред.

ВТОРИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!

За хет-трикот на Французинот му беа потребни вкупно седум минути. Во 36. минута овојпат на асистенција на стрелецот на првиот гол направи високи 4:0 со кои ги завршува првите 45 минути.

ГОЛОТ ЗА ХЕТ-ТРИК ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!

Во 73. минута Асенсио погоди за 5:0, а Лукас во втората минута од судиското надополнување ги постигна конечните 6:0.