КАКОВ БЛАМ! ЌЕРКАТА НА МАДОНА ВО ЦЕНТАРОТ НА СВЕТСКИ СКАНДАЛ! ИЗБРКАНА ОД МОДНА РЕВИЈА

Ќерката на Мадона пристигна со голем стил на шоуто на Марк Џејкобс, но вечерта заврши со нејзиното јавно срамење, докажувајќи дека само затоа што е позната не значи дека може да прави што сака.

Ќерката на пејачката Мадона, Лурд Леон  можеби беше ѕвезда на кампањата на Марк Џејкобс за 2021 година, но дури и тоа не беше гаранција дека таа ќе оди на шоуто оваа година.

Имено, Лурд искрено се посрамоти кога  пред очите на луѓето и папараците обезбедувањето ја врати од ревијата на Марк Џејкобс.

Причината: доцнела.

И не ме сфаќајте погрешно, сите имаме денови кога едноставно ништо не завршуваме на време. Но, нормалните луѓе доаѓаат и велат – извини што доцнам. Но, кога си Лурд Леон, која е главно во стилот „Знаеш кој сум јас“, а сепак доаѓаш во „голем стил“, со целиот тим и очекуваш некој да те пушти да влезеш само затоа што мислиш дека си ѕвезда, иако охохо доцниш, не е изненадување што беше само прашање на време кога некој ќе дојде да каже НЕ!

На видеото објавено на социјалната мрежа Тикток се гледа дека  Лурд на ревијата на Марк Џејкобс пристигнува во придружба на млад човек , но обезбедувањето не им дозволува да влезат со објаснување дека ревијата штотуку започнала.

Таа постојано давала интервјуа кои најдобро може да се опишат како  „мојата уста ме фали“ , а најлошо од сè, изгледаше дека навистина верува во сопствените зборови.

Зборови кои веќе се закануваат да ја заматат славата на мајката, која иакое повлечена на некој начин , сепак е светски позната ѕвезда, што не е случај со Лурд, која е убедена од најблиските „тапкања по рамо“ дека таа е најдобра, најубава и слично.

Таа дури  во неколку наврати оптимистички најавуваше дека ќе биде попопуларна од нејзината мајка , што досега не се случило.