Американскиот астронаут Крис Касиди го откри одговорот на едно од најчесто поставуваните прашања на интернет, како астронаутите одат во тоалет.
Касиди е дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица која пред неколку дена доби вреден товар намирници, како и најскапиот санитарен јазол во светот, вреден 23 милиони долари.
Новиот Universal Waste management System (UWMS) ќе го замени стариот тоалет, а астронаут на НАСА демонстрираше како функционира.
Тоалетот се наоѓа во тесна просторија, а е сочинет од седиште прикачено на резервоар кој прима 30 „единици“. Кога ќе се наполни, го заменуваат. Отворот е многу мал, па астронаутите мора да бидат прецизни. Урината оди во специјален систем Urine Processor Assembly (UPA), а најголемиот дел се рециклира.