Како борбата за моќ прерасна во смртоносно насилство во Судан

Тензиите се создаваат со недели меѓу двајцата најмоќни судански генерали, кои само 18 месеци претходно заеднички организираа воен удар за да ја попречат транзицијата на нацијата кон демократија.

Kонфликтот меѓу армијата на Судан и моќните паравоени сили по долготрајниот доведе до смрт на над 180 цивили, а стотици други беа повредени.

Тензиите меѓу началникот на вооружените сили, генерал Абдел Фатах ал Бурхан, и шефот на паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ), генералот Мохамед Хамдан Дагало, прераснаа во битка без преседан за контрола на државата со повеќе од 46 милиони луѓе богата со ресурси.

Борбите избувнаа во главниот град Картум и во други градови низ Судан, со заглушувачки експлозии, воздушни напади, артилериски оган и интензивни пукотници во густо населените населби.

И двајцата, секој со десетици илјади војници распоредени токму во главниот град Картум, ветија дека нема да преговараат или да го прекинат огнот и покрај зголемениот глобален дипломатски притисок. Конфликтот е резултат на борбата за моќ меѓу двајцата ривалски генерали кои оркестрираа државен удар во октомври 2021 година и ја презедоа власта.

Армискиот началник Ал Бурхан и Хамдан Дагало, попознат како Хемети, се обвинија меѓусебно дека ја започнале борбата, а и двајцата тврдеа дека контролираат клучни локации.

Како ривалството се претвори во конфликт

Во октомври 2021 година, Бурхан и Дагало заедно организираа државен удар, попречувајќи ја кревката транзиција кон цивилно владеење што беше започнато по соборувањето на Омар ал Башир во 2019 година.

Вооружените сили и РСФ потпишаа прелиминарен договор во декември, но конечниот договор беше тешко да се постигне поради тензиите меѓу двете страни. Клучниот спор беше околу тоа како РСФ ќе се интегрира во војската и кој ќе има крајна контрола над борците и оружјето.

Бурхан, професионален војник од северен Судан, кој доби високи чинови за време на тридецениското владеење на сега затворениот Башир, ја презеде главната работа.

Дагало, од арапскиот народ Ризеигат, пасторалисти во Дарфур, кои чуваат камили беше негов заменик.

Но, тоа според независниот истражувач и политички аналитичар Хамид Калафала било само брак од интерес.

Раздорот меѓу двајцата генерали се прошири бидејќи Хемети го нарече пучот грешка што не донесе промени и ги зајакна остатоците од режимот на Башир.

Според Алан Босвел, еден од директорите во Меѓународната кризна група, Дагало видел во договорот можност да стане поавтономен од војската и да оствари големи политички амбиции.

Сепак според Холуд Каир основач на тинк-тенкот со седиште во Картум оваа промена на моќта ги зголеми тензиите меѓу Бурхан и Хемети и заврши со вооружен конфликт наместо со жестока дебата.

Што е РСФ?

РСФ беше создаден во 2013 година од борци на Џанџавид кои беа обвинети за воени злосторства врз неарапските етнички малцинства во западниот регион Дарфур една деценија порано.

Силно вооружената милиција беше распоредена заедно со редовните судански сили во граѓанската војна во Јемен во 2015 година, како дел од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која помогна да се зајакне профилот на Дагало во странство.

Според експертите, силите биле вклучени и во конфликтот во соседна Либија.

РСФ беше обвинета за повеќе злосторства, особено, како дел од безбедносната акција по соборувањето на Башир, кога насилното растурање на демонстрантите во Картум во јуни 2019 година, уби најмалку 128 луѓе.

„РСФ продолжи да расте посилно од 2019 година“, додава Босвел.

За време на владеењето на Омар ал Башир, Русија беше доминантна сила во Судан, со договор за изградба на поморска база на брегот на Црвеното Море на земјата.

По соборувањето на Башир, САД и европските нации почнаа да се натпреваруваат со Русија за влијание во Судан, кој е богат со природни ресурси, вклучително и злато, но е заглавен во граѓански конфликти и воени удари.

Руската платеничка група „Вагнер“ исто така се проби во земјата.

Суданската војска и РСФ имаат блиски врски со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати и се бореа заедно со коалицијата предводена од Саудиска Арабија во граѓанската војна во Јемен. Војската го контролира најголемиот дел од економијата на земјата, додека РСФ управува со големи области за ископување злато, клучен извор на приход.

Египет, исто така, има длабоки врски со војската на Судан, при што двете армии редовно спроведуваат воени игри.

Аналитичарите сугерираат дека Дагало се обидува да создаде угледот на неговата паравоена сила, која беше вмешана во злосторствата во конфликтот во Дарфур.

Што е следно?

Според експертите, конфликтот меѓу двајцата генерали е егзистенцијална борба за моќ на двете страни. Тие гледаат на конфликтот како на игра која има вредност со многу нули.

Колку подолго се борат на градските улици, толку се зголемува бројот на цивилни жртви и толку потешко ќе биде за кој било генерал да владее.

„Двете страни се доволно силни што секоја војна меѓу нив ќе биде исклучително скапа, смртоносна и долга. Дури и со делумна победа за која било страна во Картум, војната ќе продолжи на друго место во земјата, поделувајќи го Судан”, вели Босвел.

TRT Balkan