КАКО ВО ФИЛМОВИТЕ – Застрашувачка исповед на девојката која го делела таксито со момчето-монструм од Младеновац: “Тој влета со бомба, јас лажев дека сум бремена…“

Сега убив неколку луѓе, па ќе те убијам и тебе ако не ме возиш кај што велам“.

Ова го кажал У.Б. (20 г.), момчето кое уби осум млади и рани 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона на 4. мај, кога киднапирал такси со бомба во раката. Како што потсетува српски Курир, У.Б. е осомничен дека масакрот го извршил со истрели од калашников и, според негово признание – „пукал за да ги исплаши жителите на две села кај Смедерево и Младеновац, бидејќи го озборувале и омаловажувале“.

Девојката Јелена А. (19 г.) која ја држел како заложник осомничен масовен убиец, во ексклузивна исповед за српски Курир ја опишала агонијата низ која поминала и траела три часа! Таа на почетокот на разговорот објаснила дека не е бремена, туку дека намерно така го излажала монструмот.

Не сум бремена, така го излажав киднаперот, со надеж дека нема да ме убие ако знае дека чекам бебе. Тоа го направив за да си го спасам животот, но и животот на таксистот“, изјавила оваа девојка.

Јелена А. е една од 50-те сведоци во истрагата што ја спроведе јавното обвинителство Смедерево против У.Б., а претходниот ден дала исказ во оваа институција. По излегувањето од обвинителството ја опишала средбата со, во тој момент, најбараниот и најопасниот бегалец во Србија.

Таа вечер, околу 22:30 часот, со такси од Смедерево се качив кај мојот вереник и додека разговарав со таксистот зошто има толку многу полиција и итните служби на патот, кај патарината во Мали Пожаревац, каде што стоевме, видов крупен млад човек во сина мајца како излегува од шумата“, кажала таа и додала дека тогаш мислела дека младиот човек работи на патарината.

Пред нас имаше две возила, а тој млад човек со брзо темпо влезе во таксито. Седна до мене на задното седиште, а во раката држеше бомба“, се присетила за Курир Јелена А.