КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕМЕ “ПРЕДУПРЕДУВАЧКИОТ“ МОЗОЧЕН УДАР – Симптомите се појавуваат неколку часа пред вистинскиот и исчезнуваат, а потоа следи…
Поразителна е статистиката дека на секои 20 минути по еден човек доживува мозочен удар на Балканот, а на секои 60 минути некој умира од него. Се повеќе млади луѓе се соочуваат со тоа. Затоа е важно да се реагира навремено и да се има доволно познавање на оваа тема.
Важно е да се разликува мозочен удар од минлив исхемичен напад, кој се јавува кога симптомите слични на мозочен удар се појавуваат неколку минути или часови, а потоа исчезнуваат. Како и кај мозочниот удар, симптомите обично започнуваат ненадејно.
Транзиторните исхемични напади се нарекуваат и предупредувачки удари и претставуваат привремена блокада на протокот на крв во мозокот. Истражувањата покажуваат дека 10 до 18 проценти од исхемичните напади резултираат со мозочен удар во рок од 90 дена.
Со цел подобро да се следи ризикот од мозочен удар, Американското здружение за срце ги наведе симптомите кои предупредуваат на мозочен удар и на кои треба веднаш да се реагира. Речиси половина од мозочните удари кај оние по исхемичен напад се случуваат во рок од два дена. Поради оваа причина, исхемичниот напад се опишува како „предупредувачки мозочен удар“.
Симптомите вклучуваат:
- Паѓање на лицето на едната страна
- Неможност да се подигнат и држат двете раце поради слабост или вкочанетост
- Нејасен говор или неможност за зборување
- Целосна парализа на едната страна од телото
- Ненадејно губење на видот, заматен вид или двоен вид
- Вртоглавица