Млада полицајка силувана кај Ајфеловата кула: Хорор во Париз, напаѓачот ѝ ставил нож под грло, не можела да се одбрани

Полицајка (23) од Велика Британија пријавила дека била силувана во близина на Ајфеловата кула во Париз.

Девојката раскажала дека непознат маж и’ се заканувал со нож и дека цело време се обидувала да се одбрани.

Кога побегнал повикала полиција која веднаш се погрижила за неа. Нападот се случил околу полноќ.

Полицијата во текот на ноќта успеала да го пронајде и приведе осомничениот.

Француските медиуми јавуваат дека Британката во моментот на нападот била во туристичка посета на Париз.

Турист од Америка, да потсетиме, минатата година беше силуван во јавен тоалет во центарот на Париз, што ја шокираше париската јавност, која сметаше дека зоната покрај реката Сена е безбедна.