КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ НЕКОЈ ВИ СЕ ЗАКАНУВА СО НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА: Ниските вибрации се чувствуваат вака – препознајте ги на време
Како да препознаете кога некој ви се заканува со негативна енергија од ниски вибрации – тоа влијае на вашето енергетско поле, расположение и ментално здравје!
Секој од нас има слобода да избере каков живот да живее, какви мисли да има, како и со какви луѓе да биде опкружен. Во секоја ситуација, важно е да бидете свесни со каква енергија се поврзувате.
Познато е дека има позитивна и негативна енергија, како и ниски и високи вибрации. Високата вибрациона енергија е брилијантна, инспирирана од леснотија, насмевки, јасност, визија и љубов споени во искуство. Се поврзуваме со висока вибрациона енергија преку смеа, креативни проекти и љубовни мисли. Секаде каде што чувствувате леснотија и нежност, се поврзувате со висока вибрациона енергија.
Од друга страна, ниската вибрациона енергија се наоѓа во неволните искуства. Сè што доаѓа од страв е ниска вибрациона енергија. Ова вклучува омраза, гнев, алчност, недоверба, отпор кон промени и многу повеќе.
Изложени сме на различни видови енергија, од кои многу може да бидат негативни. Доколку имате неповолна енергија од некои луѓе на работа, меѓу пријателите, семејството, партнерот, можно е после комуникацијата да почувствувате како негативните вибрации влијаеле на вас.
Еве пет начини да откриете дали некој друг има ниска вибрациона енергија и како тоа влијае на вас:
- Конфузија и нејасно размислување може да настанат при поврзување со ниска вибрациона енергија
Ова може да се случи кога ќе дозволите вашите мисли да станат негативни. Може да се појави и кога сте во присуство на неосновани ниски вибрациони искуства. На пример, откако ќе разговарате со некого, вие самите почнувате да размислувате негативно.
- Чувството на преоптоварување може да се случи при ниски вибрации
Тоа е како да сте заглавени во автомобил полн со луѓе кои се жалат. Луѓето кои се склони кон жалење лесно ја пренесуваат негативната енергија. Вашето тело и ум не можат повеќе да ја издржат драмата, имате чувство дека сакате да избегате од таква средина.
- Чувството на умор е исто така вообичаено чувство кога сте исполнети со туѓа енергија
Ако луѓето околу вас имаат високи вибрации, ќе се чувствувате воздигнати, мотивирани, инспирирани. Ако сте со луѓе со ниски вибрации, може буквално да се чувствувате како да ја цицаат енергијата од вас.
- Ако останете во ситуација на ниска вибрациона енергија, може да почнете да се чувствувате лошо
Пронаоѓањето на вашиот пат до среќата ќе почне да изгледа тешко. Ако останете во токсична работа или врска, станува тешко да се види посветла перспектива.
- Останувањето во ситуација со ниски вибрации може да почне физички да се манифестира во телото
Негативните вибрации може да предизвикаат и физички симптоми како што се главоболки, замор, недостаток на енергија, болки во грбот…
За среќа, ние го контролираме нашиот енергетски свет, така што секогаш можеме да одлучиме со каква енергија сакаме да бидеме опкружени, како и каква енергија не исполнува.