Со помош на неколку трикови ќе дознаете каква лубеница сакате да купите.
Колку пати сте се нашле пред куп лубеници во продавница и не сте знаеле да ја изберете зрелата и најдобрата?
Постојат неколку знаци кои можат да ви помогнат. Пред се, треба да внимавате на звукот при тапкање на лубеницата, бојата и изгледот на кората, како и обликот и тежината на лубеницата.
@ovviawellness #watermelon #whattobuy #summer #produce #grocery #fresh #health #wellness ♬ Green Light (feat. André 3000) – John Legend
Кога ќе ја допрете лубеницата, таа треба да испушта длабок, шуплив звук што укажува на тоа дека внатрешноста на лубеницата е зрела и полна со сок.
Зрелата лубеница има кора од темно зелена мат боја. Избегнувајте ги оние кои се сјајни, бидејќи тоа може да значи дека не се целосно зрели.
Местото каде што лубеницата била во контакт со земјата треба да биде јасно дефинирано и жолтеникаво.
Треба да знаете и дека зрелата лубеница има симетрична форма.
Лубеницата треба да биде тешка за нејзината големина бидејќи е полна со вода.
Споредете неколку лубеници со слична големина и одберете ја најтешката.