КАКО ДА ОФАРБАТЕ ЈАЈЦА СО БАЛОНИ: Оваа техника ќе донесе РАДОСТ во вашиот дом (ВИДЕО)

Сите сакаме нашата велигденска трпеза да биде полна со радосни и шарени бои. Корпите полни со шарени јајца се еден од најубавите симболи на најрадосниот христијански празник.

Велигденски јајца

Во оваа прилика ви претставуваме една жива техника поврзана со боење јајца со балони. За јајцата да бидат што поубави и оригинални, овој трик е вистинскиот избор за овогодинешната велигденска декорација. Доколку ви останале шарени балони од родендените на вашите деца, еве како можете да ги искористите.

Надувајте балон и врзете го во јазол. Исечете под јазолот. Истегнете го вториот дел од балонот и повлечете го преку јајцето. Сечениот јазол премачкајте го со лепак и притиснете го врз јајцето. Ставете ги јајцата на решетка или во држач за да не се гледа дното.

Признајте дека се неодоливо убави.