ОДАМ СО ДЕЧКО НА ИНТИМНИ ЗАБАВИ И СПИЈАМ СО ДРУГИ МАЖИ: Хана тврди дека тоа ѝ помага да ја зајакне врската, а ЕМОЦИИТЕ се исклучени

Ѕвездите на социјалните мрежи Хана и Џејмс Смит велат дека имаат „немоногамна“ врска и објаснуваат зошто тоа им помага да бидат посилен пар.

Еден британски пар открива колку се авантуристички.

Хана Смит, Џејмс Смит

– Другите ги внесуваме во спалната соба и често тоа го правиме пред камера. За време на викендите одиме на секс забави. Ние не одиме на состаноци или ништо, ниту правиме нешто романтично со некој друг, нема никакви чувства. Тоа е само повеќе физичка забава – објаснуваат тие.

Тврдат дека меѓу нив постои голема доверба.

– Тоа што можете да спиете со друга личност со партнерот во собата покажува одреден степен на доверба. Отсекогаш сме биле силни и никогаш не сме имале проблеми, иако не велиме дека тие не се случуваат – додаваат тие.

Велат дека не се особено љубоморни и дека отсекогаш сакале тројки и такви работи, а сега тоа можат да го искусат заедно.

Секс забавите им обезбедуваат возбудлива средина.

– Но, вистинската забава е кога ќе се вратиш дома и ќе си сам, се уште си „жежок“ и имаш уште еден цел момент само за вас двајца. Додава толку многу зачин на врската, па мислам дека е супер – додава Хана.

Двојката се запознала на работа додека биле лични тренери, пренесува Daily Star.