Како да се грижите за цикламата?

Ако сакате ова чувствително растение да преживее цела година во затворен простор, треба да знаете што му пречи. Температурите над 15 степени можат да му наштетат, па затоа преместете го на место што не се загрева.

Циклама не поднесува многу топли простории со сув воздух. Најдобро е да ја чувате во простории што не се загреваат, каде што температурата е од 10 до 15 степени.

Потребна ѝ е многу светлина, но не директна сончева светлина. Источната или северната страна се идеални.

За време на цветањето, потребно е редовно да ја прихранувате еднаш неделно. Цикламата природно престанува да расте напролет, па затоа треба да се намали наводнувањето. Потребен ѝ е период на мирување од околу еден месец додека не се исушат лисјата.

Кога ќе помине опасноста од мраз, може да се стави во градината или на балконот и да не се наводнува до средината на летото. Кога ќе почне да развива нови лисја, треба да се пресади и да се чува на свежо и светло место со редовно наводнување. Пред мразот, треба да се чува во незагреана просторија.