КАКО ИЗГЛЕДА ЖИВОТОТ НА КИНЕСКИОТ СЕВЕРЕН ПОЛ: Во градот Мохе измерени се -53 степени, а еве колку трае зимата таму
Зимските услови во Мохе обично траат осум месеци
Најниската температура од почетокот на мерењата е забележана во најсеверниот кинески град Мохе. Во неделата наутро измериле минус 53 целзиусови степени.
Мохе, познат и како „Северниот пол на Кина“, се наоѓа во провинцијата Хејлонгџијанг, во близина на границата со Русија. Тамошната метеоролошка станица во неделата во 19 часот забележа рекордно ниска температура од минус 53 целзиусови степени.
Претходниот рекорд датира од 1969 година кога целеле на минус 52,3 степени.
Забележаната температура сепак е пониска од кинескиот национален рекорд.
Најстудено било во декември 2009 година во градот Гене, кога биле измерени минус 58 степени целзиусови, јавува BBC.
Кинеските медиуми јавуваат дека зимските услови во Мохе обично траат осум месеци, а снежните паркови и скијачките центри го прават градот привлечен за туристите во текот на целата година.
Температурите овојпат се значително пониски од вообичаените за овој период, а метеоролозите издадоа предупредување за регионот поради студ и ветер. Температурите во градот од петокот три дена по ред се спуштаат под минус 50, а Beijing News известува дека употребата на јаглен е зголемена поради студеното време.