Како изгледа кога автомобил со брзина од 150 km/h удира во ѕид !? Шансите да преживеете се речиси невозможни а сцената изгледа повеќе од страшна (видео)

Небезбедното и агресивно возење може да го загрози не само животот на возачот, туку и животот на другите учесници во сообраќајот, а на јутјуб каналот Vilebrequin се појави видео кое зборува за тоа како изгледа судир при брзина од 150 km/h.

Тестиран е автомобил караван марка BMW од серијата 5, кој се произведуваше до 2004 година, а кој сè уште често може да се види на патиштата во Македонија. Истражувачите користеле далечински управувач за да го забијат автомобилот во статичката бариера со наведената брзина.

Видеото потврдува дека при ваков судир шансите за преживување се навистина минимални. Доволно е да се каже дека ниту еден дел од телото на возилото не останал неоштетен и дека учесникот во таков судир би бил изложен на огромни повреди доколку успее да преживее.